After Midnight

Зошто треба да се почека со секс во нова врска?

Прераниот секс создава имагинарна врска која често не е доволно силна за да прерасне во сериозна врска. Врската која ветува може да биде уништена доколку партнерите прерано стапат во сексуални односи, а не сватиле дали се компатибилни.

Тоа не е љубов, туку страст

Прераниот секс им дава на мажите многу малку поттик да ве запознаат подобро. Кога мажот не ве знае баш добро, сексот кој ќе го има со вас е заснован на страст а не на вистинска љубов. Што е најлошо, жената ќе почувствува емотивна поврзаност иако не го познава добро партнерот. Доколку сексот биде повеќе од одличен хормонот окситоцин ќе ве измами и ќе ве убеди дека е во прашање вистинска љубов. Доколку продолжите со сексуалните односи вашите чувства ќе станат се појаки, како и зависноста за партнерот. Иако ќе бидете сигурни дека го сакате, земете во обзир дека е тоа само страст.

Како дојде, така отиде

Партнерите кои рано ќе стапат во сексуални односи склони се на турбулентни врски. Жените кои се согласуваат на сексуален однос по една или две средби, мажите често не ги гледаат како материјал за брак.

Направете пауза од сексот

Доколку сакате да бидете сигурни дека нависина имате врска, престанете со сексуалните односи и проверете дали сте навистина компатибилни. На тој начин најдобро ќе проверите дали е тој навистина заинтересиран за вас или сака само секс.Човекот кого не го интересирате во тој случај бргу ќе изгуби интерес и ќе замине. Од друга страна, ако во тој период навистина се зближите на ментално ново, тогаш нема штета од предвремен секс.

Бидете трпеливи

За сериозна врска навистина потрудете се да го одложите сексот се додека и двајцата не ја почувствувате врската на ментално и телесно ниво. Ако успеете во тоа во неговите очи ќе вредите повеќе и ќе знаете дека сте привлекле човек кој ве сака и почитува.

Write A Comment