Кога станува збор за чудните вести поврзани со секс, најновите анкети ни потврдуваат дека некои луѓе, по се изгледа дека почесто доживуваат оргазам од останатите. Како што пишуваат во Match.com по годишното истражување на животот на самците, 44 % од нив тврдат дека со познат партнер доживуваат оргазам од 90 до 100% за време на сексуалниот однос.
Тоа е прилично висок процент! Но, кога Match.com ги подреди разултатите според религија, боја на коса, професијата, па дури и моделот на смарт телефон кој го употребуваат испитаниците стигнале до некои навистина интересни податоци.
Резултатите покажуваат дека самците кои живеат во Мајами доживуваат најчесто оргазам, одлично поминуваат и црвенокосите и оние кои користат Андроид телефони како и тие на кои професијата им е поврзана со компјутери и електроника.
Па, доколку сте црвенокоси, имате Андроид, сте компјутерџија или живеете во Мајами, сексот ви е од светски квалитет!
