Пет парови признале дека врската им западнала во рутина, а секој десетти пар тврди дека страста им исчезнала после првата година од заедничкиот живот, покажува студијата спроведена на 2.000 испитаници.
Кај некои ситуацијата е уште посериозна, така што 75 отсто од паровите тврдат дека во нивната врска нема ниту малку страст.
Страста во просек исчезнува после три и пол години, а за сето тоа е виновно избегнувањето на сексот, бакнежите и се поретките романтични прошетки. Освен тоа, како пречка во врската се појавуваат и секојдневните обврски, а и фактот дека и едниот и другиот си земаат се здраво за готово.
Меѓутоа, половина од испитаниците признале дека би биле посреќни кога нивниот партнер повеќе би се потрудил на романтичен план, да организира заеднички викенд или да испрати по некоја романтична СМС порака во текот на денот кога не се заедно.
Еве ги 25-те знаци кои ќе ви покажат дека во вашата врска страста исчезнала.
1.Наместо секс почесто избирате спиење.
2.Многу ретко се бакнувате.
3.Романтичните излегувања се многу ретки.
4.Не излегувате заедно.
5.Не се милувате.
6.Се помалку си кажувате „те сакам“.
7.Одите во кревет во различно време
8.Претпоставувате дека само еден од вас треба да ги извршува домашните обврски.
9.Ноќта ја поминувате во различни простории од домот.
10.Гледате телевизија во различни соби.
11.Создавате планови без знаење на својот партнер.
12.Не се радувате на времето поминато заедно.
13.не ја прославувате годишнината од врската или бракот
14.Повеќе не си споделувате еден на друг за тоа како сте го поминале денот.
15.Го прескокнувате Денот на вљубените.
16.Ги заборавате датумите на вашите родендени, годишнина…
17.Заборавате да го пофалите трудот на вашиот партнер.
18.Не се трудите да си помагате еден со друг.
19.Кажувате „те сакам“ од навика, а не затоа што тоа и го мислите.
20.Во разговорот не обрнувате внимание на партнерот.
21.Не се слушате во текот на денот преку телефон.
22.романтични/секси СМС пораки се веќе минато
23.Има се помалку „интимни“ шеги кои само вие ги разбирате.
24.Повеќе не се средувате еден за друг.
25.Не ручате заедно.
