Не постои идеална големина на машки полов орган со кој би се задоволила секоја жена, од едноставна причина што сите жени имаат различни желби.
Сепак, со истражувањето спроведено на универзитетите во Мексико и Калифорнија, се направи обид да се дознае која величина е пожелна во врските, а која во авантурите за една ноќ.
Во истражувањето учествувале 75 жени на возраст од 18 до 65 години, кои се во хетеросексуални врски и имаат редовни сексуални односи.

На секоја од нив и биле покажани 33 модели од машки полови органи со големина од 10 до 21, 5 см и било побарано да одредат која големина им е идеална за долга врска, а која за секс за една вечер.
Според добиените резултати дамите преферираат од 12 до 16 см во врска, додека кога се решаваат за едновечерни авантури се во потрага по малку поголем орган од 16 до 17 см.
