After Midnight

Партнерите не ги гледаме објективно и нам ни се поубави од другите

Дека убавината навистина се наоѓа во очите на набљудувачот докажа и истражувањето на универзитетот Гронинген кое опфатило 70 хетеросексуални парови на возраст од 18 до 37 години. Тие набљудувале фотографии од своите партнери, како и од други доброволци и врз основа на нив пополнувале прашалник за привлечноста на поединците на фотографиите.

Испитаниците за време на оценувањето на својот физички изглед како и изгледот на својот партнер биле најмалку објективни. Така, нивните партнери на фотографиите им биле поубави од другите прикажани мажи, иако поголемиот број од испитаниците процениле дека другите мажи се поатрактивни од нив.

Испитаните парови во просек биле во врска околу три години, а водителите на истражувањето сметаат дека перцепцијата на привлечноста на поединците во голема мера зависи и од нашите чувства кон нив.

Други истражувања покажале дека луѓето кои имаат позитивни „илузии“ за своите партнери се посреќни во врската, но холандските научници нагласуваат дека позитивните илузии се добри сè додека не се претерани, а тоа особено важи ако само еден од партнерите е ирационален и многу заљубен.

Write A Comment