Дали социјалните мрежи го скратија патот до креветот или пак доведоа до страв од обврзување и невозможна интимност? Определено социалните мрежи покажаа огромно влијание врз љубовта и врските, но во која насока?
Вистината е дека социјалните мрежи доведоа до страв од обврски и неспособност за градење на врска. Социјализациата надвор од социјалните мрежи е нешто што изгледа многу болно и очајно. Луѓето се лајкнуваат, прегрнуваат, се смеат и бакнуваат, канат на настани и коментираат на фотографии но само онлајн. Обично врските и пријателите создадени во мрежата си остануваат единствено во виртуелниот простор и никогаш не излегуваат од компјутерот. Можеби разочарани од минатите врски луѓето се чувствуваат многу покомфортно да бидат со статус во врска на фејсбук – без опасноста да бидат повредени и отфрлени, а во исто време не се чувствуваат осамени.
И додека една од основните цели на социјалната мрежа и сајтовите за запознанства беше да ги доближат луѓето, сега ефектот сосема се видоизмени и доведе до нивно раздалечување, а најдлабоките чувства започнаа да се изразуваат најчесто со средствата за онлајн комуникација.
Ако сте едни од среќните кои се во врска со саканиот човек, ако им дозволите, социјалните мрежи може да предизвикаат напукнување на иначе добрите односи со вашиот партнер. Некои луѓе се соживуваат со улогата на детективи следејќи ја активноста на својот партнер онлајн влегувајќи им во профилите следејќи со кого комуницираат и слично.
Сето ова води до излишна љубомора, кавги, лажно создадени проблеми и длабоки кризи во доскоро среќниот семеен живот. Во минатото бројот на вљубените не бил помал иако непостоеле овие наменски мрежи, едноставо се наоѓале по различен начин. Денес каналите за запознанства се многу но ги имаат своите странични ефекти.
