Овен
Припадниците на овој знак се авантуристички настроени, динамични и иновативни. Тие сакаат да пробуваат нови работи, поради што испробувањето на нови коктели е идеално за нив. Важно е коктелите да не бидат премногу благи.
Бик
Биковите се весели, пријателски настроени луѓе кои уживаат во добро друштво и забава со блиските пријатели. Тие го ценат раскошот па затоа ќе посегнат по капка добро виски. Во недостигот на добар избор ќе се напијат и шприцер.
Близнаци
Многу се комуникативни, отворени и едносатвно се снаоѓаат во сите друштвени ситуации. Под дејство на алкохол со задоволство флертуваат и разговараат со непознати. Идеален пијалок за нив е десертното вино, но со задоволство ќе испијат и црно вино во сите форми.
Рак
Тие се импулсивни и многу емоционални, но често го менуваат расположенитео под дејство на алкохол и умеат да се однесуваат по малку театарски. Сакаат добри италијански вина, но им се допаѓаат и благи ликери од овошје.
Лав
Лавовите се дарежливи, забавни и креативни, и често сакаат да се напијат вино кога се во добро друштво. Идеалниот пијалок за нив е џин, кој можат да го пијат на различни начини, чист или измешан со друг пијалок. Алкохолот само ја поттикнува нивната симпатична, забавна страна, па затоа се омилени во друштвото.
Девица
Тие се прекрасни луѓе и ретко пијат комплицирани пијалоци. Нивниот класичен избор е џин-тоник. Доколку претераат со пиењето, на виделина може да излезе нивната потисната, по малку агресивна страна, и тогаш влегуваат во вербални конфликти.
Вага
Дури и во најтешките моменти, припадниците на овој знак ја контролираат ситуацијата. Тие се тип на луѓе кои одлично се вклопуваат во друштво. Нивниот идеален пијалок е мартини.
Шкорпија
Тие се решителни и моќни. Исто така, можат да бидат љубоморни и посесивни. Ним им одговара чаша добро виски или водка, а доколку пијат повеќе, добар избор е пиво.
Стрелец
Тие сакаат слобода, искреност и верност, а токму таков е и алкохолот кој го избираат. Нивниот прв избор е пивото. Често знаат да се напијат и некоја блага ракија.
Јарец
Јарците се практични, внимателни, тврдоглави и донекаде воздржани. Тие често пијат вода помеѓу алкохолот за да не се напијат и да ја изгубат самоконтролата. Исто така, Јарците често не се најдобро друштво после неколку чаши повеќе, бидејќи тогаш на виделина излегува нивниот песимизам и црните мисли. Најдобар избор за нив е лесно бело вино.
Водолија
Идеалниот пијалок за малку дивите, ексцентрични и забавни Водолии е текилата во сите форми. Скаат да пијат чиста, измешана со сок или во коктел. Таа ќе им обезбеди многу забава во текот на вечерта, но сепак треба да внимаваат на количината, бидејќи се склони на неодговорно однесување.
Риби
Рибите се чувствителни и нежни и ним им е потребен пијалок кој има топлина, а истовремено ќе им го одврзе јазикот. Идеалниот избор за нив е коктелот “White Russian” кој се состои од водка, ликер од кафе и шлаг.
