Да ги оставите семејството, пријателите, работата и градот и да се преселите во друга земја поради вашиот партнер? Подготвени ли сте за тоа?
Кога животот не би не соочувал со предизвици кои ќе не треснат силно од земја, веројатно би бил само една рамна линија без отчукувања, без пулс. Доаѓаат и такви моменти кога треба да донесете одлука која ќе ја обликува вашата иднина. Кога имате 4 години, таа одлука е дали да возите велосипед или да си играте со куклите, на 15 прашањето е да се стави шминка или не, на 18 на кој факултет да се запишете, на 22 дали тој е вистинскиот човек за вас. Да, тежината се зголемува пропорционално со возраста. Еден од тие моменти е и оној кога поради партнерот, треба да ја напуштите удобноста на градот кој со полна пареа го живеете, да ги оставите зад себе неделните ручеци во домот на родителите, да го оставите домот кој со партнерот го градевте и пред се да донесете тешка одлука да ја напуштите работата која со многу љубов ја работите.

Со неколку зборови, да се откажете од сопствениот живот. На почетокот веројатно ќе спиете со кнедла во грлото неколку недели додека траат подготовките, скришно надевајќи се дека во последен момент преселбата ќе се откаже. Но, како полека ќе го пакувате животот во кутии, така сфаќате дека ова можеби е најтешката работа која треба да ја направите и од која нема бегање.
Менувањето на местото на живеење поради кариерата е голем стрес. Менувањето на местото на живеење поради кариерата на партнерот е веројатно уште поголем. Веројатно е во ред да го мразите партнерот и да му се лутите и да му префрлате длабоко во себе, но со тоа ќе станувате само поогорчена, а се уште сте на домашна терирорија.
Од пријателите и семејството ќе добиете подршка објаснувајќи дека тоа ќе биде прекрасно искуство за вас, дека ќе пронајдете нови страсти и ќе би се отворат нови можности. И до некаде ќе бидат во право.
Истражувајте, собирајте искуства, научете да готвите некое локално јадење. Зачленете се во клуб на читатели, најдете хонорарна работа на интернет, а вечерите минувајте ги со партнерот на удобниот кауч, со чаша вино, многу љубов и доволно секс. Нема да зажалите што ќе и дадете шанса на вашата врска.
Штом првично сте решиле да се врзете за тој човек, тој вреди.

