Дали Кока-Колата ви е повкусна кога ја пиете од стаклено шише? Не сте единствените! Биохемичарите конечно објаснија зошто вкусот на Кока-Колата од стаклено шише е подобар.
Рецептот за овој светски познат пијалок е ист, без разлика дали се наоѓа во пластична или стаклена амбалажа. Но, течноста реагира со полимерите во пакувањето и тоа го прави вкусот на Кока-Колата во стакло подобар. Полимери се молекули во внатрешноста на пакувањето, кои се самоизградуваат од помали единици. Кај конзервите, односно алуминиумското пакување, полимерите го обвиваат пакувањето и апсорбираат некои од растворливите вкусови на пијалоците. „Иако компаниите кои ги пакуваат пијалаците сакаат да спречат каква било реакција, реакции сепак се можни,“ истакнува биохемичарката Сара Рич.
Во меѓувреме, полимерот ацеталдехид, кој се употребува во пластичните шишиња, може да го промени вкусот на пијалаците. Секако, без разлика кое пакување го преферирате, здравствените ризици се секогаш исти. Наик, британски експерт за здравје, тврди дека ако пиеме газирани пијалаци прекумерно ги оштетуваме забите, а мастите и шеќерите од овој сладок сок се натрупуваат во телото.
