After Midnight

Знаци дека не ви е потребна врска и дека сте среќни додека сте сами

Некои девојки едноставно обожаваат да бидат во врски и не знаат како да бидат сами но постојат и девојки кои подобро се справуваат со животот кога се сами и се посреќни во тоа.

Дали вие се чувствувате така? Дали ја сакате самотијата повеќе отколу врските? Дали ви годи да бидете сами?

Прочитајте ги овие знаци и ако се пронаоѓате во нив, вие сте од оние луѓе кои уживаат во самотијата и кои сосема се во ред со фактот дека не се во врска.

Флертување

Секогаш на располагање си имате еден број во телефон кој ви е потребен да се чувствувате живо. Се работи за безопасен флерт и симпатија. Не мора конкретно ништо да правите со него, но ви годи неговиот труд, флертувањето и пепертуките, а не сте обврзани да правите нешто и да бидете во врска.

Распоред

Вашиот распоред е преполн со тренинзи, хобија, фамилијарни собири, како и дружење со пријателите а сето тоа ве исполнува во целост.

Кариера

Откако сте сами, не ви е проблем подолго да останете на работа и имате вишок енергија која ја трошите на нови идеи. Дури и размислувате и за започнување сопствен бизнис, нешто што отсекогаш сте го сакале, но не сте имале време или храброст.

Изглед

Вашите блиски започнуваат да забележуваат дека изгледате подобро од кога било, дури и подобро отколку кога бевте во врска. Тоа е најдобар доказ дека моментално ви е супер.

Write A Comment