After Midnight

Дали првото сексуално искуство ќе ве следи цел живот?

Се сеќавате ли на вашиот прв пат? Ново истражување покажува дека кога ќе ја изгубите невиноста, истите чувства ќе ве следат цел живот.

Психолози од универзитет во Америка го спровеле тоа истражување со цел да проучат како губењето на невиноста влијае врз подоцнежниот сексуален живот. Според тоа од првото сексуално искуство ќе имате лоши или добри последици во зависност од тоа дали ви бил непријатен или ве направил среќни.

Психолозите испитале 331 млади мажи и жени за тоа какво било нивното прво сексуално искуство, вклучувајќи ја емоционалната вознемиреност, посветеност кон партнерот или каење по сексуалниот чин. Потоа испитаниците одговарале за нивната сегашна состојба во сексуалниот живот, за тоа дали чувствуваат дека имаат контрола и колку се задоволни.

Оние кои за првиот пат одговориле дека биле исполнети и задоволни, објасниле дека се среќни од нивниот подоцнежен сексуален живот, додека пак оние кои губењето на невиноста го поврзувале со негативни чувства, подоцна имале ниска сексуална активност. Иако истражувањето не покажува дека подобро прво сексуално искуство генерално го подобрува сексуалниот живот, но губењето на невиноста може да направи еден вид на шема во подоцнежната сексуална активност.

Write A Comment