Кога е во прашање секс, половина работи се базирани на основни реални факти, но остатокот е чиста фикција.
Жените се безбедни ако односот е прекинат без ејакулација
Мажите често не приметуваат кога течноста од ејакулацијата почнува. Таа содржи сперматозоиди, не во тој број како самата сперма, но доволно за после девет месеци да менувате пелени.
Мажите мислат на секс на секои седум секунди
Никој не знае како оваа бројка воопшто се појавила. Според истражувањето кое е спроведено од американски институт Кинсеј, 14 % од мажите мислат на секс секој ден или неколку пати дневно, 43 % неколку пати месечно или неделно, а 39 % еднаш месечно. Интересно е дека 19% од жените мислат на секс секој ден или неколку пати дневно, 67 % неколку пати месечно или неколку пати неделно а 14 % еднаш месечно.
Орален секс е посигурен од вагинален
Оралниот секс се брои како секс. И не сте имуни на многу преносливи болести. Каде што постои размена на течности, а посебно на рана на устата на грлото, ризикот не може да се намали.
