After Midnight

Се за предиграта

Предиграта е толку важна, што некогаш ако ја одминеме, сексот може да има големи недостатоци. Меѓутоа постојат моменти кога истото треба и да го одбегнете.

Често состаноците или поминувањето на време со некоја личност набива доста сексуална тензија која тешко се контролира. Самиот факт дека сте дошле до нејзината врата, значи дека си на половина пат до сексот. Во таквите напнати ситуации и навистина е во ред да ја прескокнете предиграта. Без разлика дали “си играте” во мотел или хотел, или можеби во автомобил, јавен тоалет, парк или некој друг јавен простор, време за предигра едноставно нема. Ова се ситуации во кои нема место за дриблање, туку веднаш треба да се цели кон погодок.

Добро, навистина мажите најчесто се секогаш расположени за акција за една ноќ. Така што, ако не планирате да ја видите девојката после сексот, нема потреба да се впуштате во предигра бидејќи едноставно воопшто не ти е битно што таа после ќе мисли за вашите сексуални вештини. Влегувате-излегувате и готово.

Додека пак има денови кога нема теоретски шанси да добиеш секс ако таа во моментот не е расположена. Ако навистина сакате да имате вечерта секс, ќе морате да се обидете два пати повеќе отколку обично. Затоа добро потрудете се предиграта да ја направите одлична. Тоа е единствен начин да дојдете до зацртаната цел.

Да бидеме искрени, кога девојката не доживува оргазам, секој следен пат ќе имате се повеќе проблеми да го добиете она што го сакате. Понекогаш девојката потполно се затвора и сексуално “оладува”, а тогаш припремете се на работа со прстите, јазикот и останатата опрема за време на предиграта, за таа полесно да доживее оргазам. Родендени, годишнини, денот на вљубените и сличните датуми се одлични прилики да се посветите на вашата поубава половина и да ѝ приредите пакет, кој ќе вклучува и квалитетна предигра.

Write A Comment