Не е тајна ниту изненадување кога велиме дека мажите на жените прво ги забележуваат физичките атрибути. Долги нозе, полни усни, големи гради или стегнат задник се само дел од работите на кои мажите се “палат”. Но, истражувањата покажале дека изгледот не е пресуден, туку некои други, врдни карактеристики.
Но, иако изгледот е дефинитивниот машки број еден, истражувањата покажуваат дека на второ место се наоѓа искреноста што воедно ја открива вистинската женска особина.
На трето место се наоѓа насмевката, бидејќи симболизира искрена, ведра и неоптеретена жена.
И женскиот поглед е нешто на што мажите не можат да одолеат, бидејќи не се вели без причина дека очите се огледало на душата. Некои паѓаат на таинствен поглед додека други ги привлекува оној скромен и срамежлив.
Насмевката е многу важна ставка, но сепак се нагласува погледот кој ја открива вистинската искреност. “Колку погледот е поискрен, толку врката ќе биде поуспешна.”
На мажите им е многу важно и жената да знае да ги слуша, со што жената открива дека е заинтересирана. И смислата за хумор може да биде многу привлечна, особено кога жената знае да се шегува и на сопствена сметка.
Интересните и интригантни жени кои воедно се добри соговорници за мажите се многу привлечни, додека спротивен ефект постигнуваат оние наметливите и прегласните.
Како што стојат работите, ако сакате да освоите маж првенствено ќе го привлечете со насмевка, хумор, искреност или интересен раговор, отколку со провокативна облека и измислени пропорции 90-60-90.
