За да спијат со некој маж, жените треба да доживуваат одредени симпатии кон него. Кај господата, сепак, тоа не е проблем. Или тоа што имаат секс со девојка, не е гаранција дека им се допаѓа. Затоа не треба да се залажувате! За да сте во листата на омилени девојки, на прво место треба да недостасувате во него. Запознајте се со 3-те типа жени кои сите мажи ги мразат.
Пираната
Таа може и да не е права убавица, но барем се труди да изгледа добро. Кога е со пријателки во дискотека, си порачува евтина вотка или пак делат шише вино. Но во моментот, кога некој ска да ја почести, сака голем Бејлис или виски. Таа не е типична спонзоруша, туку неколку класи под неа.
Мис Универзум
За жал, дефиницијата нема ништо заедничко со убавината, туку со апсолутната себичност. Се се врти околу неа, секој и е должен за нешто, сите се ништожници, само таа е НАЈ. За што ќе ти е таква жена? Таа никогаш нема да биде задоволна.
Искористувачка
Таа те опчинува. Ти кажува дека си неповторлив, а потоа си прави што сака. Те бара ако и требаш или ако и е досадно. Те храни со ветувања и лажни комплименти, а потоа пак исчезнува. Пак те бара и ти вели дека те сака. Следните денови воопшто не се јавува. Нема како таква жена да биде почитувана.
