Покрај фактот дека немале право да гласаат, жените не можеле да работат уште многу работи кои денеска се сметаат за потполно нормални.
И покрај напредокот кој во последните децении е остварен на полето на рамноправноста, положбата на жените во многу сегменти во општеството ни денеска не е изедначена со онаа кои ја имаат мажите. Сепак, порано било многу потешко. Покрај фактот дека немале право да гласаат, жените не можеле да работат многу работи кои денеска се сметаат за потполно нормални.
Нов Зеланд е првата држава на светот која на жените им дала право на глас во 1893 година, иако Шведска е прва земја во која во периодот од 1718 и 1771 година постоело условно право на глас за жени кои биле членки на еснафот и плаќале данок.
Југославија правото на глас за сите свои граѓани го внела во 1945 година. Во многу земји, мажите и жените од одредена класа и раса можеле да гласаат, но тоа не се однесувало на сите граѓани. На пример, со 19 амандман донесен на 18 август 1920 година, право на глас добиле американските бели жени додека нивните афроамерикански сосетки на ова право морале да чекаат до 60-тите години.

Еве уште некои права кои нашите баби и прабаби не ги имале, а денеска се сметаат за нормални:
Жените не смееле да зeмаат контацептивни пилули
Контацепцијата била табу тема во поголемиот дел од 20 век, а во многу земји и со закон било забрането паровите да прават било што кое би го реметило природните токови. Употребата на контрацептивните пилули во Америка е легализирано дури во 60-тите години од минатиот век.
Жените не биле исто платени за иста работа како нивните машки колеги
Проблем за нееднакви плати за иста работа за жени и мажи и денеска е проблем во некои делови во светот. Сепак, истите плати се загарантирани со закон, а тоа секогаш не било така. Дури во 1970 година американскиот Врховен суд пропишал дека фирмата на жените им должи исти плати за работа како и на мажите и дека е забрането измислување на положби за жени само за да бидат платени помалку.
Жените не смееле да работат во текот на бременоста
Се до 60-тите години од минатиот век, работодавачите немале обврска да ги ги задржат работничките кои ќе забременат и се подразбирало дека трудничкото како и породилното отсуство е трајно. Дури 40 проценти од работодавачите го искористувало недостатокот на законската рамка.
Женитe не смееле да извадат кредитна картичка
На почетокот на 70-тите години на минатиот век, слободните или разведените жени често морале да доведат маж како гаранција за да извадат кредитна картичка, а проценката за платата често ја зимале во обзир само половината од сумта.
Жените не смееле да носат практични костуми за капење
На почетокот на 20-тите години од минатиот век, на жените сè уште им било забрането да покажуваат премногу кожа и да носат костими за капење кои премногу откриваат. Некои оделе толку далеку што на плажите патролирал милицаец со метро кој мерел дали костумот е во граници на дозволеното или не.

Жените не смееле да пушат во јавност
За мажите пушењето било машка активност во која тие уживале, додека за жените во многу градови, па така и во Њујорк, пушењето било многу непримерно. Па така на дамите им било забрането да пушат на јавни места, на улица, барови, хотели и ресторани.
Жените не можеле да обвинат за сексуално вознемирување
Дри во 1986 година Врховниот суд на Америка донел закон по кој сексуалното вознемирување на работно место и дискриминација на полот е казниво.
