After Midnight

Колку трае заљубеноста?

Италијанските научници пресметале колку долго пеперутките живеат во нашите стомаци кога ќе се заљубиме.

Модерната наука е толку напредна што научниците се сега во можност да ги измерат речиси сите аспекти од нашите животи, па дури и емоции. Така, неодамна тие пресметале колку долго живеат пеперутките во нашите стомаци кога ќе се заљубиме. За жал, само една година, откриле резултатите од истражувањето кое е направено во центарот за молекуларни истражувања на Универзитеот во Италијанскиот град Павија.

Научниците од центарот откриле дека  NFG протеинот е многу прецизен барометар на љубовта, бидејќи влијае на развојот, заштитата и регенерација на нервните влакна. Тргнувајќи од ова откритие, италијанските експерти спровеле едно интересно истражување. Го споредиле нивото на овој протеин во крвта на 58 свежо вљубени лица меѓу 18 и 31 година, со луѓе кои се во стабилна долгогодишна врска, како и оние кои се сами.

Резултатите од оваа анализа недвосмислено покажале дека нивото на протеинот Nfg е најголемо во крвта на заљубените лица. Но, кога истата анализа била спроведена после една година, истражувачите откриле дека нивото на овој протеин е речиси ист, ако не и идентичен со нивото во крвта на самците или лицата со долгогодишна врска. Затоа италијанските научници веруваат дека овој протеин е главниот виновник за благодетната состојба на еуфорија кога чувствуваме дека сме заљубени, како и за необичното треперење на стомакот кога ќе ја видиме саканата личност. За жал, со ова истражување тие покажале дека пеперутките во стомакот живеат само една година.

Write A Comment