Родител Овен – Како родител, Вие сте природен водич. Поседувате многу енергија и страствени сте во врска со Вашите интереси. Децата Ве гледаат како инспиративен, возбудлив и прекрасен пример кој треба да се следи. Понекогаш, умот Ви е брз, но устата побрза и знаете да изговорите нешто за кое подоцна ќе се каете. Меѓутоа, децата секогаш ќе го ценат фактот што Вие сте чесни. Тие ќе бидат Ваши најголеми фанови поради Вашата огромна сила, а нивната младост ќе Ви носи позитивни вибрации преку целиот живот.
Родител Бик – Вие сте практичен и стрплив родител, кој во секое време е спремен со насмевка и прегратка да му помогне на детето. Имате добро чувство за она што е навистина важно, така што ретко се впуштате во нешто, ако нема смисла.Ваша најголема маана е попустливоста.Вие им попуштате премногу на Вашите деца.Сепак, сакате да бидат среќни нели? Го користите здравиот разум за да им обезбедите здрава храна и физички активности. Најголема пресност е што и на Вашите деца ќе им ги пренесете Вашите најголеми доблести: лојалноста, вредното работење и издржливоста.
Родител Близнаци – Како родител, Вие во Вашиот дом ќе внесете многу забава и хумор.Сакате интелектуални дебати со Вашето семејство, така што најчесто може да Ве најдеме како решавате крстозбор со Вашите деца. Основен дел во Вашето воспитување е разговорот и дебатата. Вашите вкусови често се менуваат, а на Вашите деца, тоа ќе им се чини возбудливо и стимулативно. Го цените страствениот ум, а децата ќе ги воспитувате да бидат остроумни, љубопитни и тврдоглави, токму како и самите Вие.
Родител Рак – Како родител, Вие сте целосно вклучени во процесот на одгледување деца. Полни сте со љубов, заштитнички сте настроени, чувствителни сте и нежни. Имате вродена потреба да се чувствувате сигурни, безбедни и секогаш имате потреба за некој. Секогаш се стремите Вие да направите се за Вашето семејство така што тие самите зависат од Вас. Преголемата заштита е уште една особина која родителот Рак би требало да ја избегнува. Ако сте константно свиткани кон Вашето дете, за Вас би било шок доколку детето си дозволи малку самостојност и независност.
Родител Лав – Како родител, Вие сте заслужни за семејна лојалност, заштита и внимание. Страствени сте и оригинално искажувате чувства. Кога се чувствувате почитувано, животот сјае за сите околу Вас, но ако се чувствувате занемарено и потценето, можете да станете вознемирени и осетливи. Лавот е кралски знак и како и да е, кралевите не смеат да бидат отфрлени. Вашите деца го сакаат тоа што сте великодушни и што ги опсипувате со подароци и убави гестови. Кога ќе Ви се заблагодарат за трудот, тогаш гордиот Лав е задоволен и блеска.
Родител Девица – Како родител, Вие сте разумни но имате високи стандарди и совршенството Ви е главна цел. Уживате да ги учите децата на одговорност, на активен и здрав живот. Со текот на времето треба да престанете да критикувате. Практични сте, сакате да помагате, стабилни сте и штедливи. Планер сте и имате остро око, Вие го контролирате куќниот буџет и ги плаќате сметките. Не заборавајте да бидете дарежливи со пофалби и подароци кон Вашите деца. Со заслужени пофалби може да се изгради баланс и со критиките и неодобрувањето.
Родител Вага – Како родител, сакате да создадете мирен и хармоничен живот. Важно Ви е домот да е убав, дури и луксузен и ќе направите се за да избегнете конфликт во домот. Можеби ќе бидете послаб противник, ако Вашето дете е упорно и знае да манипулира во остварувањето на неговите замисли. Сакате да бидете домаќинка или домаќин на пријателските и семејни собири, а со тоа и ќе го учите Вашето дете кон другите да се однесува со љубезност и почит.
Сепак, научете го Вашето дете дека постојат правила, и упатете го да се придржува кон нив.
Родител Скорпија – Како родител, ќе бидете емотивен центар во семејството, без разлика дали тоа го сфаќате или не. Вие сте страствени, чувствителни, интензивни и длабоко поврзани со децата. Вашите деца Ве гледаат како комплексна дури и мистериозна личност заради Вашата отвореност и искреност. Бидете понекогаш свесни дека дури и Вие имате несовесно однесување и наместо тоа фокусирајте се на меѓусебно почитување, емотивна искреност и наклонетост.
Родител Стрелец – Како родител, животот на децата им го збогатувате со оптимизам и голема доза на хумор. Вие сте авантуристи во душата и Вашите деца ги водите низ животот со истата отвореност и љубопитност која ја поседувате. Вие знаете дека знаењето и образованието можат да се постигнат на повеќе начини, освен традиционален. Вие Вашето знаење ќе го пренесете на децата колку што е можно повеќе. Со тоа и Вашето дете ќе има отворен ум..
Родител Јарец – Како родител, Вашиот фокус е да работите вредно за семејството и да бидете одговорни. Во суштина, можеби и претерувате со работењето. Вашите намери се добри, но премногу време посветувате за да направите се како што треба, а недоволно време издвојувате за она што навистина е важно. Можеби подобро ќе се снајдете со Вашата строга кариера, отколку со Вашите деца, но имате „ кец во ракав “: Јарците трагаат по константно усовршување. Ако нешто недостига во Вашиот однос со децата, Вие ќе работите да го решите.
Родител Водолија – Како родител, Вие ги охрабрувате децата и ги поттикнувате на слобода и независност. Можеби водите весел и неконвенционален живот. Како и да е, Вашиот дом е исполнет со уникатни уметнички детски изработки и други интересни предмети. Ваше главно искушение е да се отворите пред детето. Настојувајте повеќе да се запознаете со интелектуалните мисли отколку со чувствата на Вашето дете. За него, Вие сте модел за тоа како треба да изгледа иднината.
Родител Риби – Како родител, Вие сте неверојатно грижливи, сочувствителни и прилагодливи за потребите на децата. Уште во времето додека беа бебиња, Вие ја чувствувавте нивната болка и се радувавте на секое нивно откритие кое го правеа во нивниот свет. Приземјете ја Вашата енергија за сонување на реална и разумна граница. Морате да го учите детето на одговорност, да не го сожалувате ако не знае да напише домашно. Ова ќе биде позитивна лекција и за Вас !
