Некои парови едноставно изгледаат подобро од други, а експертите направија чекор понатаму па ни го објаснуваат тоа зошто е баш така. Психолозите направиле едно истражување со кое потврдија дека ние кај партнерот се бараме себе си. Она што може да не привлече се заеднички интереси, потреби, а тие велат дека и физичкиот изглед е исто така како критериум. Можеби сте приметиле дека со текот на времето се повеќе некои партнери личат еден на друг, не само со однесувањето туку и во физичкиот изглед. Тоа е така, зошто ние самите ги бираме партнерите кои се како нас.
Кога ќе забележите некаква мана кај партнерот, потрудете се да ја пронајдете и кај себе. Дали не привлекуваат неверни партнери затоа што и ние сме такви, или пак станува збор за лоша проценка останува на нас и самоанализата.
