After Midnight

„Господин Просечен“ е новиот „Господин Совршен“?

Припадничките на понежниот пол сакаат вработен и верен партнер, насочен кон семејните вредности, со добра смисла за хумор, просечна висина и црна коса.

Трендот е изменет! Сега наместо „Господин Совршен“, жените бараат „Господин просечен“ – открива најновото истражување спроведено врз 3000 жени.

80% се изјасниле за црнокоси момци, додека останатите преферираат црвенокоси.Секоја четврта жена одговорила дека сака да е висок околу 180 центиметри, а за 23% од испитаничките најважно е да има постојана работа.

Жените се изјасниле дека мажите од 30-45 година се најпосакувани, доколку со годините одат и готварските вештини, темната коса, смислата за хумор и кретивната професија (музичари, уметници, актери).

„Момчето од соседството“ му стана сигурна конкуренција на „Капитенот на спортскиот тим“ – додава анкетарот Стивен Симпсон.

Write A Comment