Никогаш нема да можеш да ги избегнеш злобните коментари и озборувања на твоја адреса! Без разлика што правиш или не правиш, што зборуваш или што премолчуваш, секогаш ќе има незадоволни! Едноставно запомни, дека ако беше никој, немаше и да те коментираат!
Проживеав и надживеав многу нешта…Се променив поради многу луѓе и ситуации…Доволно! Од денес започнувам да живеам само за себе! Биди природен! Биди себе си! Животот ни е само еден и не смееме да дозволиме некој да ни го обезвредни. Горе главата и не играј по правила…Барај за да добиеш, гради за да имаш и греши за да учиш! За да воведеш ред во својот живот, најпрво треба да го исфрлиш ѓубрето од него!
Да мислиш дека животот ќе се однесува добро со тебе, само затоа што си добар човек, е исто како да веруваш дека бикот нема да те нападне само затоа што си вегетеријанец. Затоа…биди спремен да се сретнеш со бикот и продолжи да бидеш добар човек! Се во животот е многу едноставно и се сведува на ова – сакаш ли нешто, се бориш, немаш ли доволно храброст, губиш. И притоа да знаеш дека интригата е силата на слабите! Не дозволувај никогаш некој да биде приоритет во твојот живот, кога ти си само опција во неговиот.
Вистината пријатели, е сосема различна…Се криеме зошто сакаме да бидеме најдени…Одиме далеку за да видиме кој ќе ни се придружи…Плачеме за да видиме кој ќе ни ги избрише солзите…и дозволуваме срцата да ни бидат парчосани, за да видиме кој ќе дојде да ги залепи…
Плачев дека немам модерни чевли, додека не видов човек без нозе. Се жалев дека немам доволно пари, додека не видов семејство што спие на улица. Ние сме луѓе кои не ценат ништо, дури и да имаш малку, има луѓе кои мечтаат да го имаат тоа малкуто што ти не го цениш…
Многу луѓе ми го посочуваат правиот пат, но никогаш не ги гледам по него!
Животот не ти ги дава луѓето што ти ги сакаш. Тој ти ги дава оние од кои имаш потреба. Да ти помагаат. Да те повредуваат. Да те сакаат. Да те напуштат. И да те направат човекот што треба да бидеш…
Љубовта е да ја раздаваш душата без жал и во истиот миг да заборавиш кому што си му дал!
Нема полесна вежба за срцето од тоа да протегнеш раце и да го подигнеш духот на некого!
Ако остануваш – остани за секогаш!
Ако заминуваш – стори го тоа денес!
Ако се промениш – тоа нека биде на подобро!
Ако зборуваш, биди убеден во тоа што го кажуваш…
Понекогаш она што ти дава сила е твојата слабост…
Не секогаш е лесно да зборуваш тивко…Особено кога живееш во опшество на глуви!
Пазете се од луѓе кои се обидуваат да ги омаловажат вашите успеси и амбиции. Малите луѓе секогаш ќе го прават. Додека вистински големите ќе ве направат да почуствувате дека и вие можете да станете големи!
Кога си навистина важен за еден човек, тој секогаш ќе најде време за тебе – без извинување, без лаги и без неисполнети ветувања.
Можеш ли да бидеш сигурен која болка е полоша – шокот од тоа што веќе се случило или болката од она што никогаш не било?
Кога ја пишуваш историјата на својот живот, не дозволувај друг да го држи пенкалото!
Животот е премногу краток, за да го поминеме во чудење. Ако сакате да направите нешто, направете го. Секогаш! Дури и ако после се покаете, дека не било тоа што сте си го мислеле…
Живеј за себе и запомни – пред да зборуваш, слушај, пред да пишеш, мисли, пред да повредиш, почуствувај, пред да мразиш, сакај, пред да се предадеш прво пробај, пред да умреш, живеј!
