Масажата на бебето е оптимален стимул за развој на движењето и чувство и го подобрува целокупниот психомоторен развој.
Стапалото е и центар на нервните рефлекси на кое се наоѓаат и завршетоците на артериите, вените и нервите, а со допир на посебни точки на стапалото на бебето доаѓа до опуштање и рамнотежа на целото тело.
Споменатите точки ќе го смират бебето и ќе ја олеснат боката предизвикана од грчевите и растењето на забите.
Рефлексолошката масажа на стапалата се темели на рефлексните точки, што одговара на сите органи, жлезди и структури во организмот. Со стимулација, односно со нежна масажа на одредени делови можеме: да ја ублажиме болката, да ја забрзаме циркулацијата, да ги намалиме грчевите и да го опуштиме и релаксираме целиот организам.
Стапалото на бебето е поделено на 6 основни зони кои со нежен притисок и кружна масажа на одредени делови може да го смири детето или да му ги олесни непријатните ефекти како што се грчевите или избивањето на забите. Обидете се со оваа техника на масажа и збилжете се со своето бебе.
