Free zone

ВИСТИНА Е: Болното колено може да предвиди дожд!

Научниците докажаа дека е навистина можно болките во зглобовите да предвидат промена на времето.

Не мал бројот на луѓе кои тврдат дека се способни да го насетат доаѓањето на лошите временски услови, само врз основа на зголемување на болката во некои делови од телото, најчесто зглобовите. Ова не се само “бабини приказни”, сега тоа го потврдија и експертите.

Д-р Дејвид Ејгас, професор по медицина на Универзитетот во Јужна Калифорнија, вели дека болките во зглобовите навистина можат да бидат знак за промена во воздухот.

–          Замислете го вашиот зглоб како балон, на кој воздухот постојано врши притисок. Кога воздушниот притисок ќе почне да паѓа, како што тоа се случува пред промена на времето, зглобот малку се проширува и вие тоа едноставно го чувствувате. Овие симптоми често ги доживуваат луѓе кои доживеале скршеници или повреда на зглобовите, бидејќи нивните нерви во тој дел се осетливи – вели докторот.

Луѓе со ваков вид на осетливост, треба да носат удобни чевли, да вежбаат јога и со тоа да ги зајакнат мускулите, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречат непријатните болки.

Write A Comment