After Midnight

Како да ја убиете тремата на првиот состанок

За многу луѓе состанувањето е стресно. Психолозите велат дека тоа е поради што се судруваат две различни мисли:  желбата да се состанеме со некој кој ни се допаѓа и стравот дека ќе бидеме одбиени од страна на таа личност. Но, ние ќе ви помогнеме овој страв да го пребродите преку неколку совети.

Пофалете се сами себеси

Потребно е само да се потсетите на вашите квалитети и предности.  Како на пример: „Јас сум забавна и духовита“,  „Пријатна сум и пожртвувана личност“,  „Имам секси нозе.“ Додека се движите накај местото на кое треба да се сретнете повторувајте си ги овие работи.  Со сигурност ќе бидете посамоуверени кога ќе стигнете таму.

Имајте на ум дека не паничите само вие

И другата страна се чуствува сигурно исто како вас. И таа доаѓа со истата мисла дека треба да ви се допадне вам.

Вие одберете го местото и времето

Ако после работа сте уморни и намуртени кажете му дека сакате да се најдете за викенд. Ако наутро имате најмногу енергија предложете предпладневно кафе некаде во вашето маало. Така вам ќе ви е полесно бидејќи ќе бидете на свој терен многу поопуштени за разлика од тоа ако отидете на место кое не ви одговара.

Киното е секогаш добра идеја

Се прашувате зашто? Ако сте премногу нервозни за да комуницирате, тоа би можеле да го замените со неколку случајни допири. Оставете хемијата да го направи своето.

Write A Comment