Free zone

Што зборува најзастапената боја во вашиот дом за вашиот карактер?

Бојата што сте ја избрале за ѕидовите во вашиот дом е израз на вашата индивидуалност. Разберете ја смислата на своите омилени бои и прочитајте неколку полезни интериорни совети.

Ако ги сакате меките, топли нијанси…

…кои се асоцираат со сончевата светлина и огнот како жолто или портокалово , исто така праска и нежните розови нијанси, вие сте весела, добродушна и отворена личност.

Голем дел од луѓето кои избираат топли нијанси се пријателски расположени, грижливи, посветени и ги сакаат гостите. Чувството што го добивате од овие бои не е само симболично. Овие бои ја прават атмосферата поинтимна, додека студените делуваат обратно, го одалечуваат просторот.

Боите имаат силно влијание и на нивото на нашата енергија. Тие можат да стимулираат разговори, добро расположение и апетит. На љубовно поле вие сте емотивни, знаете што е тоа вистинска љубов и истото го барате од партнерот. Не изневерувате и како одговор барате искреност и верност. Вашите емоции се силни, се одликувате со експлозивна енергија и импулсивност па затоа направете баланс во просторот со тоа што ќе внесете елементи од студената гама.

Ако ги сакате студените нијанси…

Повеќето реакции кон боите се како последица од природата што не заобиколува. Студиите покажале дека луѓето ја поврзуваат сината боја со небото или со големи отворени пространства, кои релаксираат и опуштаат. И бидејќи студените нијанси имаат послаб интензитет од наситените топли бои, тие се попријатни за очите.

Ако сте избрале некоја од овие студени бои најверојатно го сваќате својот дом како оаза на мирот изолирана од динамичниот надворешен свет. исто така вие сте интровертен тип. Вие тешко покажувате емоции па затоа делувате студено и недостижно.

За да го избегнете чуството на стерилност и студ, што ќе се појави како последица од изборот на овие бои, ви советуваме да балансирате со акценти во топли бои, што ќе внесе равнотежа во домот а со тоа енергетски баланс и добро расположение. Секогаш мора да присуствуваат бои и од двете групи. Доволно се само неколку мали детали од другата боја, например украси, слика, перничиња и сл.

Write A Comment