Free zone

Што кажува твојот маникир за тебе?

Кога бираме каков маникир ќе носиме, најчесто се одлучуваме за бои кои се елегантни, впечатливи и интересни, но исто така настојуваме секој пат да бираме поинаква боја. Тоа, верувале или не , може многу да каже за нас и нашата личност. Затоа издвоивме неколку највпечатливи бои кои секоја од нас ги носи и го откривме значењето на секоја од овие бои, кои се однесуваат на нашата личност. Еве прилика да дознаете што маникирот кој го носите зборува за вас.

Црвена боја

Темно црвениот маникир е класичен и вонвременски, додека виолетово – црвениот маникир значи дека сте елегантна и шик дама која ги следи трендовите и многу води грижа за себе.

Црна боја

Во исто време рискантен и комплексен, црниот маникир за жената која го носи зборува како за вистинска дама полна со самодоверба.

Неонски нијанси

Со оглед на тоа дека неонските нијанси се светли и светкави, нема сомнение дека со овој маникир ќе бидете забележани. Затоа, ако се одлучите за некоја од овие нијанси, тие за вас ќе дадат впечаток на вистинска авантуристка и девојка која сака излегувања и добра забава.

Бела боја

Белиот маникир може да додаде младешка и модерна нота на вашиот изглед, додека за вас дава впечаток за тренди и кул личност.

Сина боја

Бидејќи сината боја може да се најде во многу варијанти, таа е потполно прилагодива и идеална за експериментирање. Затоа таа за вас дава впечаток на личност која е исклучително креативна и која секогаш мисли нанапред.

„Nude“ варијанта

Оваа варијанта е идеална за сите прилики и се вклопува со секаква облека, додека за вас зборува како за личност која е потполно прилагодива, а која воедно не е ситничар.

Пастелни тонови

Доколку сакате меки, неутрални пастелни тонови, тоа значи дека во вашето срце сте вистинска романтична душа.

Розови тонови

Ако сте во групата на девојки на кои омилена боја на маникир им е розовата, тоа значи дека сте забавни, заводливи и неверојатно женствени. Едноставно, вие сакате да бидете вистинска дама.

 

Write A Comment