After Midnight

Еве зошто луѓето ги затвораат очите за време на сексот

Статистиката вели дека дури шеесет проценти од луѓето ги затвораат очите кога се бакнуваат, а многумина тоа го прават и за време на сексот. Дали и вие спаѓате меѓу нив?

Кога уживаме во бакнежите со саканата личност, доаѓа до чудно преоптоварување, па затворање на очите е начин да се намали напнатоста. Исто така, кога се бакнуваме, но и за време на сексот, затворањето на очите може да значи дека навистина уживаме во моментот и се обидуваме да се сконцентрираме на секој допир, нежност и целосно да се препуштиме на партнерот.

Но кога некој ги затвора очите за време на сексот, тоа може да значи и дека, поради некоја причина, тоа му е непријатно – дека нешто не му одговара во целосната „акција”, дека не се чувствува пријатно во своето тело, тека се срами, но и дека не размислува за она што се случува, туку за нешто сосема друго.

Затоа, кога следниот пат за време на сексот ќе ги затворите очите, нека биде тоа израз на вистинско уживање.

Write A Comment