After Midnight

Спијте без облека во прегратките на партнерот

Не секој убаво се чувствува додека спие гол, но важно е дека и тоа позитивно влијае на не само на вашиот љубовен живот туку и на вашето здравје. Спиењето без облека може да го зголеми нивото на хормони кои прават да се чувствувате убаво и задоволно, и ја зголемува желбата помеѓу вас и вашиот партнер.

Еве неколку причини зошто да заборавите да облечете пижами.

Ослободување на хормони. Допирањето на кожата со таа на вашиот партнер ослободува окситоцин, хормон кој ја зголемува сексуалната желба и чувството на поврзаност, го намалува стресот и ја зголемува довербата.

Создавање на поцврста поврзаност. Ваквиот контакт со патнерот освен што го зголемува ослободувањето на хормоните од кои ќе се чувствувате среќно, ја зголемува поврзаноста меѓу вас. Ќе бидете поблиски од било кога.

Поттикнување на сексуалната желба. Спиењето без облека на паровите им помага во преминување на препреките во врската, како што интимноста ќе ја пополни празнината кога ќе се почувствувате подалечни еден од друг.

Изгледа по еротично. Доколку спиете без облека, тоа на партнерот ќе делува како отворена покана за секс, што никој маж не би можел да ја одбие.

Според истражувањата, не мора да имате партнер за да уживате во спиењето без облека, за  сепак тоа позитивно ќе влијае на вашата самодоверба, а вашето тело ќе биде поопуштено со што ќе имате повеќе енергија во текот на денот.

Write A Comment