За да ни биде јасно што всушност значи тоа емоционално нестабилен маж, еве ви список со неколку предупредувачки знаци, кои покажуваат, дека мажот не може емоционално да се обврзе. Тоа од своја страна претставува сериозна пречка при создавањето на здрава и вистинска врска.
Не зборува за чувствата
Ваквиот маж не дозволува да му се приближите, или уште полошо, се затвора во себе секогаш кога ќе се обидеме да откриеме што се случува во неговата глава. Издигањето на ѕид е сигурен знак дека мажот е недостапен емоционално.
Не знаеш ништо за неговото минато
Ако никогаш не открива кој всушност е тој, како воопшто ќе го запознаеме? Некои мажи по бавно се откриваат, но емоционално недостапниот маж никогаш ништо нема да ви каже за своето минато. Во почетокот можеби ќе ви изгледа мистериозен, но вистината е дека тоа брзо ќе престане да ни изгледа привлечно.
Мрази да разговара за врската
Ваквиот маж не пројавува никаков интерес да разговара за вашата врска. Ако не сака да разговара за врската никогаш нема да знаеме дали е среќен со нас, ниту дали неговите чувства се силни како нашите.
Дава неодредени одговори
Ако на повеќето конкретни прашања одговара можеби, мажот најверојатно е емоционално дистанциран, што претставува црвено знаменце за врската. Неспособноста да се обврзе значи дека тој нема да ни дозволи да му се приближиме за да создадеме вистинска врска.
Емоционална недостапност значи дека тој секогаш ќе биде дистанциран без да пројавува особен интерес за врската. И ако не сакаме да бидеме секогаш во мрак, подобро е повторно да размислиме дали вреди да породолжи ваквата врска.
