After Midnight

Што е поважно: хумор или совршен изглед???

Според резултатите на едно австриско истражување кај жените подобро котираат мажи со добро чувство за хумор, отколку мажи со совршен физички изглед.

Дури 70% од анкетираните припаднички на понежниот пол изјавиле дека им се одбивни мажите кои посветуваат многу време и труд на својот физички изглед.

Додека пак 86% од нив тврдат дека суетата е една од најлошите особини што го „красат“ мажот и дека тоа е нешто што дефинитивно го прави непривлечен дури и одбивен во нивните очи. И дека тоа не е воопшто секси.

Вистина е дека една од четири жени изјавила дека мускулест, добро граден маж со темен тен е добар плен, но глобално гледано, кај жените е многу поважна внатрешната топлина од прилечниот изглед на мажот.

И како доказ: 99% од жените изјавиле дека побрзо би се одлучиле за забавен дечко со пристојни манири отколку за физички совршен убавец.

Write A Comment