Кога партнерот е злопамтило никогаш не сте на чисто во ниту една дискусија. Можеби сте мислеле дека проблемот е решен, но партнерот кој едвај чека да ве прејде е мошне опасен човек за врска и не ви е потребен во животот. Овие луѓе никогаш нема да прифатат вина ниту компромис и постојано ќе бараат оправдување да ве повредат при тоа обвинувајќи ве вас за што и да сторат.
Партнерот кој не комуницира е полош од оној кој ве изневерил. Овие луѓе вообичаено имаат превисоко мислење за себе и сметаат дека секогаш се во право па, така, не веруваат во комуникација и решавање на проблеми. Тие ќе ве напуштат првиот момент кога ќе ги соочите со нивните грешки.
Оние партнери кои удобно си уживаат во вашата сигурност се полоши од оние кои изневериле. Кога некој доволно добро ве познава и знае сте сѐ може да му помине без вие да заминете е поголемо изживување со вашите нерви и емоции од прељуба.
Партнерот кој почнува да ја носи социјалната маска по дома станал извештачен до таа мерка да ве тера да се посомневате во неговите вистински чувства. Кога и да забележите вакво однесување подобро бегајте. Ваквиот тип луѓе одат најдобро со еднакво добри глумци и глумици, а не луѓе со вистински чувства.
Пред целосно да се препуштите некому никогаш не ги погазувајте сопствените принципи дури и по цена да останете сами. Неверството не е најлошото нешто што може да ви се случи ако свесно сте дозволиле да бидете дел од исцрпувачка врска.
