Не е секогаш лесно да се направи разлика меѓу страста, сексуалната привлечност и вистинската љубов. Знаете дека имате нешто посебно со момчето, но сè уште не знаете на што сте. Судејќи според страницата „Madame Noire“, овие седум работи без непријатност треба да ги правите пред својот избраник.
1. Да му се налутите
Не треба да се плашите да му дадете на знаење дека нешто ве вознемирило. Тој вид комуникација би требало да ве зближи.
2. Да им се налутите на другите
Здраво е понекогаш да полудите поради нешто, а од него сакате да му биде привлечнотоа што не допуштате другите да ве газат.
3. Да плачете
Дајте му можност да ве расположи и не кријте се кога ќе имате потреба да плачете. Тоа не значи дека постојано треба да лелекате, но од време на време дозволете си да си олесните пред него.
4. Да покажете несигурност
Сакате човек што ќе ве прегрнува, ќе ви даде сигурност и ќе биде присутен во моментите на вашата слабост, а потоа многу брзо ќе заборави што се случило.
5. Да изгледате разбушавено
Мажите ќе ја чувствуваат поблиска жената кога со неа ќе можат да се излежуваат в кревет и да ја видат како изгледа кога е несредена. Мажите сакаат кога жените се природни – тоа е нивен поглед на убавото.
6. Да се разболите
Ако со него сакате да го поминете животот, тој мора да знае дека и вие сте човечко суштество. Најдобар начин за тоа е со вас да го помине викендот кога сте болни и изнемоштени.
7. Да бидете блиски со другите
Физичката блискост е човечка потреба! Вашето момче треба да биде доволно сигурно во себе и да знае дека само прегратката или дури и бакнежот во образ со пријателот не значи дека со него сакате да си ја искинете облеката.
