Еве неколку факти кои ќе ви помогнат да го разберетe овој најромантичен израз на љубовта, како жените го доживуваат, тоа спојување на усните. Според експертите, за мажите бакнежот има сосема различна цел и не е секогаш универзален знак за љубовна наклонетост.
Во книгата “Наука за бакнежот: што нашите усни кажуваат за нас”, авторката Шерил Кершенбаум наведува заклучоци од антрополошките истражувања според кои бакнувањето се користи да се задоволат три основни потреби: половиот нагон, романтична љубов и поврзаност.
“Бакнежот е важен фактор за почеток на секоја врска, може да ве поврзе или засекогаш да ве одвои од некоја личност” изјавува авторката. “Истражувањата покажуваат дека во текот на бакнувањето се зголемува нивото на невротрансмитерите, како што се допамин, кој го зголемува копнежот и желбата, и серотонин, кој го подобрува расположението. Исто така спојувањето на усните во бакнеж, го зголемува нивото на окситоцин, т.н љубовен хормон, кој ја активира поврзаноста помеѓу паровите.”
Хемиските реакции кои се јавуваат во текот на бакнувањето објаснети се пред долго време, но сега научниците дошле до нови сознанија – дека бакнеќот кај мажите и кај жените има сосема различна цел. Истражувањето кое е спроведено од американскиот психолог Gordon Galup покажало дека 59% од мажите и 66% од жените барем еднаш во животот раскинале со некој партнер поради лошиот начин на бакнување.
Научниците делумна причина за ова откритие наоѓаат во нашето сетило за мирис бидејќи со бакнувањето потсвесно собираме податоци за другата личност. Сепак, без оглед на тоа дали бакнежот е добар, лош или фантастичен, мажите и жените тој чин го сфаќаат сосема различно и го користат за различни цели.
За разлика од жените, мажите го користат бакнежот за да докажат дека жената им е атрактивна и привлечна.
“Мажите имаат тенденција да го користат бакнежот како средство за постигнување на сексуални услуги или како средство за влијание во текот на помирувањето после расправијата. Жените бакнежот го користат како средство за проценување и оценување на партнерот” кажува Gordon Galup.
Во истото истражување Galup открил дека баш мажите се тие кои преферираат француски бакнеж.
Една од теориите која ја објаснува таа појава е дека мажите во плунката имаат мали количини на тестостерон кој во текот на бакнувањето се пренесува на жените.
