Free zone

Која божица живее во вас?

Има теорија дека во секоја жена живее грчката божица. А во некоја дури и по неколку! Тие се одраз на нашата суштина, а понекогаш целосно го покриваат нашиот карактер. Да видиме кои се тие.

Артемида – Феминистката

Таа никогаш не старее! Убава, паметна, самостојна и не му дозволува на кој и да е маж да и влезе под кожа. Често ги искористува претставниците на посилниот пол, па дури е способна да ги измами во име на сопствениот успех. Обично е ситна на раст и претпочита светли бои, претежно бела и сребрена.

Хера – Семејна жена

Бракот и нејзиното семејство се најголемите вредности за неа. Разбрана и деликатна жена, додека не ги засегнеш нејзините најмили нешта. Најголемата грешка на мажот до неа ќе биде ако и даде повод за љубомора. Тогаш ќе се случат жестоки грмотевици кои ќе се истурат врз неговата глава. Овој тип жени сакаат долги фустани во темно бои и ја носат косата најчесто собрана.

Атина Палада – Кариеристката

Мудра и интелигентна жена, навикната се да прави сама. Има страшно силна интуиција и тоа, заедно со нејзиниот остар ум, и дозволува да расте во кариерата. Имате чувство дека никогаш не се уморува. Се проценува дека бојата на овие жени е виолетова.

Афродита – Заводничка

За овие жени возраста не е важна. Тие секогаш можат да му ја завртат главата на кој маж и да посакаат. Веднаш чувствуваат што му се допаѓа на соодветниот господин и му се презентираат во сликата на идеална жена. Опасни се! Кршат многу срца, но оставаат и многу убави спомени. Нивните омилени цвеќиња се ружите, а боите им се црвена, зелена и розова.

Деметра – Грижливата мајка

Всушност во секоја жена има по малку од оваа божица. Но кај некои дами го обзема целото нивно битие. Не ги интерсесира ништо освен успехот и доброто на нивните деца. Понекогаш тоа се претвора во манија, која ја ограничува индивидуалната детска природа. Овие жени треба малку да го успорат темпото и да побараат уште некоја божица во себе, за да има баланс.

Хестија – Домаќинката

Таа не се интересира каде нејзиниот сакан го поминува слободното време, за неа е важно дома да е чисто, удобно и да има вкусна вечера. Не ја сожалувајте, за неа е тоа добро, затоа што тоа и носи душевен мир. Единственото нешто што тотално ќе ја изнервира, е ако луѓето околу неа не го ценат нејзиниот труд. Затоа што таа навистина се труди максимално.

Хеката – Забавна дама

Кај неа се оди со леснотија и со насмевка. Има одлична смисла за хумор, неверојатна позитивна енергија, секогаш е опкружена со луѓе кои сакаат да и бидат пријатели. Кога ќе ја погледнеш, нешто те тера да и се насмевнеш. Полна е со живот, фасцинира, верува во предвидувања. За жал, често страда, бидејќи повеќето мажи ја злоупотребуваат нејзината добрина.

Write A Comment