Free zone

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА НАЈДОБРИТЕ ЛУЃЕ СИ ПОМИНУВААТ НАЈЛОШО?

Без оглед на ситуацијата во која живеете во моментов, вие бирате дали ќе бидете жртва или ќе преживеете.

Животот секојдневно не тестира.

И од непознати причини, секој добива различен тест. Едни се борат со сметки; други со основите на математиката. Во секој случај, мораме да се справиме со она што сме го добиле. Генетиката, местото на раѓање, финансијскиот статус – сето тоа го добивме од нејасни причини за нас, но имаме што имаме.

Но, без оглед на ситуацијата во која живеете во моментов, вие бирате дали ќе бидете жртва или ќе преживеете. Имате целосна контрола над тоа дали животот ќе ви биде сладок или кисел. А оние што избираат животот да им биде сладок – преживеале – и се најсилни.

Шведскиот доктор за психијатрија и автор, Елизабет Кублер-Рос еднаш изјави:

– Најубавите и најдобрите луѓе што ги познаваме се оние кои доживеале пораз, ги запознале страдањето и губитокот, се бореле во секој момент и пронашле пат од најтемните длабочини. Овие лица знаат да ценат, чувствителни се и имаат разбирање за другите. Животот им дал искуства кои ги наполниле со сочувство, љубезност и длабока емпатија. Прекрасните луѓе не се раѓаат такви, тие се прават такви.

Љубезните луѓе носат светлост во светот затоа што излегле од темнината. Во светот на темнината во кој се родени, љубезните луѓе со својата позитивност ги осветлиле животите на другите. Токму на нив им се доделени “несреќни” карти, како што се лоши семејни состојби или сиромаштија.

Не само што научиле како да успеат во животот, научиле да минуваат и низ лоши работи и да се издигнат над нив. Ги отфрлиле своите “патерици” и некако го постигнале невозможното: потрчале и ги престигнале сите оние кои имале повеќе среќа и подобри околности.

Додека некои добија сет од прекрасни моливи во боја, тие добија еден обичен, наполно потрошен молив со кој го обоиле својот живот во разновидни и  поинтензивни бои од другите.

Љубезните луѓе најмногу ги сакаат најсилните бидејќи биле најмногу повредени. Оние што биле повредени или измамени од поранешните партнери повеќе и подобро ќе знаат да го сакаат својот иден партнер. Тие знаат како е кога ќе се скрши нечие срце и како да се залепи и да се поправи. Никогаш и на никој не му го посакуваат искуството што самите го доживеале.

 

 

Write A Comment