Free zone

КРАЛ НА СПОРТОТ, КРАЛИЦА НА РОМАНСАТА: 7 најубави работи што треба да ги знаете за луѓето што се родени во октомври

Личностите родени во октомври се многу романтични, но и многу одговорни бизнис луѓе. Ви откриваме седум интересни факти за лицата кои се родени во овој месец!

  1. Спортски се настроени

Исто како и лицата родени во септември, лицата кои се родени во октомври се  спортски типови. Всушност, што повеќе мајката во текот на бременоста е изложена на летните сончеви зраци,бебето додека сеуште е во стомакот ќе прима повеќе витамин Д, кој позитивно влијае на растот на коските и мускулите.

  1. Нивниот цвет е невенот

Невенот може да порасне до 60 сантиметри и е ценет поради своите лековити својства. Така што често се користи за ублажување на исеченици, опекотини, рани па дури и за убод од инсекти.

  1. Романтични се

Личностите родени во октомври се многу шармантни, па затоа се романтични и како партнери. Со нив владее Венера, затоа се сложни и се познати како “миротворци”.

  1. Или се Ваги или се Шкорпии

Оние кои се родени пред 24 октомври во хороскоп се Вага. Урамнотежени и друштвени лица, додека оние кои се родени на крајот на месецот се шкорпии. Тие се многу страствени, верни, но и поприлично тврдоглави.

  1. Бизнис ориентирани

Вредни се и одлучни, а со тоа и многу бизнис-ориентирани. Кога започнале нешто, тогаш мора и да го завршат.

  1. Нивните камења се опал и турмалин

Опалот често се поврзува со среќа. Меѓутоа, според легендата, оној кој носи опал, а не е роден во октомври, ќе доживее несреќа. За турмалинот се смета дека штити од лошата енергија и негативните мисли.

  1. Многу долго живеат

Луѓето кои се родени помеѓу септември и ноември почесто живеат повеќе од 100 години. Но токму оние кои се родени во октомври имаат најмногу шанси да доживеат многу длабока старост.

Write A Comment