Можете ли лесно да се сетите на нечие лице и име или тоа никако не ви оди од рака?
Додека некои луѓе природно лесно се сеќаваат на нови лица, новото истражување покажува дека просечниот човек може да се сети на 5.000 различни лица – без разлика дали станува збор за оние со кои лично ги сретнува или личност чии лица ги гледа на телевизија, социјалните мрежи …
Еден тим на истражувачи од Универзитетот во Њујорк побара од учесниците во истражувањето да ги напишат имињата на нивните пријатели, колеги и членови на семејството, онолку колку што можат за еден час. Тие, исто така, мораа да ги напишат имињата на познати личности на кои можеле да се сетат.
Потоа, илјадници фотографии на познати личности им беа прикажани на учесниците, кои требаше да ги именуваат.
Според резултатите од истражувањето, доброволците успеале да препознаат околу 1.000 ликови меѓу 10.000 луѓе.
Со спроведување на истражувањето, научниците го пресметаа соодносот на бројот на лицата кои им изгледаат познато на учесниците во однос на оние што всушност можеле да ги препознаат. Потоа тоа го примениле врз вкупниот број на луѓе на кои учесниците се сетиле кога ги запишале имињата на познаници и познати личности.
Користејќи го овој метод, дојдоа до заклучок дека просечно лице може да се сети на околу 5.000 луѓе.
Истражувањето, всушност, ја покажува неверојатната способност на човечкиот мозок да препознава илјадници луѓе во текот на денот, вели д-р Роб Џенкинс од Одделот за психологија, како и еден од авторите на истражувањето.
“Се занимававме со бројот на лица кои всушност ги препознаваат, но сé уште не го знаеме ограничувањето колку долго мозокот може да ги запомни”, вели тој.
Во спроведувањето на ова истражување, научниците забележаа дека учесниците во истражувањето на почетокот можеа да се сетат на многу имиња, но нивната способност да запишуваат имиња на луѓе на кои се сеќаваат до крајот на денот стана послаба.
Др. Џенкинс со други зборови, смета дека луѓето што се пораснати во опкружување на поголем број на луѓе се подобри во помнењето на нивните лица.
Како стоите вие со помнењето на лицата?
