
Начинот на кој што живееме е многу брз и стресен, затоа е најдобро нештото што можеме да го направиме за себе да го внесеме во ноќната рутина пред спиење.
Додека се занимаваме со себеси, ќе ги растераме нашите мисли и ќе се релаксираме. На овој начин, ќе одите во кревет, негувани, мирни и подготвени за нов ден.
Не треба да се занемарувате, поради недостатокот на време. Секој може да издвои најмалку половина час за себе пред спиење, само ако има волја!
Не барајте изговори, затоа што е многу важно да се посветите на себеси, тоа позитивно ќе влијае на вашата психа и на вашето здравје. Обврските нема да избегаат, и мора да бидете здрави и одморени за да можете да го избуткате секојдневниот распоред на најдобар можен начин.
Опуштете се под тушот
Времето под тушот е вашето време да се опуштите. Слободно можете да останете малку подолго и да ги смирите вашите нерви.
Посветете се на негата
По туширањето, намачкајте го телото со млеко, направете третман на лицето, исчешлајте се и уживајте во својата нега. Треба да се чувствувате чисти, убави и негувани, за да се сетите и на моментите во кои се сакате себеси. Понекогаш забораваме на тоа поради стресот и обврските, па затоа е драгоцено чувството да се одморите и да се сетите колку сте си важни самите на себеси.
Читајте
Читањето на книгите влијае на релаксацијата и креативноста. Освен тоа, читањето ни помага да се одмориме од неефективното листање по социјалните мрежи и нè охрабрува да научиме нешто ново.
Ви треба време за себе. Не занемарувајте го вашето време. Многу е потребно да се грижите за себеси, и нема да потрошите многу време на тоа. Ако вложите време во себе, ќе бидете попродуктивни во секое поле од животот, и на тој начин ќе имате двојна добивка од својата вечерна рутина!
