After Midnight

Зборовите кои што водат кон состанок – со него

Бидете вистинска итрица! 🙂

„Обожавам да разговарам со тебе“

Оваа реченица е одлична бидејќи потсетува дека хемијата е силна меѓу вас. А само што почнавте да зборувате …

 „Оф леле, зошто сеуште не ме покани да го гледаме новиот дел од „ Невозможна мисија“?“

Навистина сте лисица итрица. Флертувате и предупредувате во исто време (особено ако тој незнае дека ви се допаѓа Том Круз), а малку сте и тажни затоа што сакате да го гледате само со него. Топката е префрлена на негов терен.

„Вторник е ден за пица, а пивото е бесплатно. Одиме?“

И уште ако успее да го изговорите тоа набрзина, енергично и командно, што друго му преостанува освен да се фрли врз реализацијата на вашите планови.

„Дали сакаш суши? Слушнав дека во соседството неодамна е отворен нов ресторан.“

Вие сте вистински дипломат. Сугерирате дека треба заедно да го посетите новоотвореното кул место, но пред тоа трпеливо ќе ја испитате вашата целна група.

https://giphy.com/gifs/megan-fox-sushi-girl-crush-7otDTnZS4ZEgE

Write A Comment