Free zone

Зошто чувствуваме струење и болка кога ќе удриме со лактот во нешто?

Ако некогаш сте го удриле вашиот лакт на тврда површина сигурно сте почувствувале како струја да ви поминува низ раката со тапа болка, но сепак оваа реакција ви измами насмевка на лицето.

Оваа коска што ја нарекуваат и “смешна” е се само не коска. Ова е всушност еден од поголемите нерви во раката кој се нарекува улнарен нерв. Тој започнува од ‘рбетниот мозок на вратот и се спушта низ рамото, а се завршува во прстите на раката. Смешната коска се наоѓа под коскената екстензија на повеќе коски кои го формираат горниот дел од раката, кој се нарекува medial epikondil.

Со голем дел од должината, нервот се крие зад коските и ткивото. Во овој дел е прекриен со само тенок слој на кожа  па е многу чувствителен на удари. Кога ќе се удрите во овој нерв, тој испраќа сигнали до мозокот кои предизвикуваат чувство на трнење и поминува струја низ раката, па чувствуваме болка во раката и прстите.

Тапото чувството на трнење трае само неколку минути. Овој нерв е многу важен за нас бидејќи е одговорен за координацијата на движењата, го контролира чувството на допир во прстите и ги насочува големи мускули на раката, така што ќе можеме да стиснеме и да подигнеме нешто со раката.

Болката во овој дел од лактот може да укажува и на посериозно заболување наречено синдром на кубиталниот тунел. Тоа се случува кога долго време го држите лактот свиткан, се потпирате на него или трпи некакво оптеретување  подолго време. Ова е попознато како тениски лакт или голферски лакт.

Добрата вест е дека оваа состојба може да се излечи. Анти-инфламаторни лекови или корективни вежби можат да ја поправат штетата.

Write A Comment