Free zone

Плата за играње со кучиња – сто долари на час

Ресторанот во Тексас огласи примамлив оглас за работа: чување на домашни миленичиња, додека гостите уживаат во храната и се дружат во ресторанот, за што ќе се плаќа сто долари на час.

Меѓу обврските на потенцијалните вработени се играњето со кучиња и контролата на надворешниот простор наменет за домашни миленици надвор од ресторанот, како и повремено дружење со нивните сопственици, пишуваат британските медиуми.

Dog friendly MUTTS Canine Cantina, ресторан во Далас, на вработените ќе им плати 100 долари на час.

Сопственикот на ресторанот Кајл Нунан, исто така, бара уникатна апликација за работа преку Instagram, каде што потенцијалните вработени треба да “постават” смешни слики или видео снимки и да објаснат зошто веруваат дека се најдобри за работата.

Апликантите не смеат да бидат помлади од 18 години и не смеат да бидат алергични на животни. Дополнителните погодности вклучуваат бесплатни оброци и пијалоци во MUTTS Canine Cantini.

Write A Comment