
Многу жени тврдат дека еден од поважните квалитети на нивните партнери е добро чувство за хумор, бидејќи насмевката прави сè подобро.
Беше спроведено истражување на парови во Северна Каролина, кои се во врска околу 4 години. Истражувањето беше спроведено со цел да се утврди колку смеењето е важно за врската.
Паровите, кои за време на истражувањето се смееја повеќе, ги опишаа своите емотивни партнери како мили личности исполнети со топлина и разбирање. За време на истражувањето, научниците заклучиле дека смеата навистина имала позитивен ефект врз односот.
Смеата ги зближува луѓето и позитивно влијае врз среќата на емоционалните партнери. Затоа направете се од себе да ја насмеете саканата личност секој ден.
