
Емоциите кои не се негуваат соодветно, можат да згаснат со текот на времето.
Иако е тешко да се признае, многу долгорочни врски завршиле, бидејќи рутината ја изгаснала љубовта.
Љубовта најчесто се гасне кај жените, бидејќи им треба повеќе внимание, па затоа тие ја чувствуваат рутината и недостатокот на нежност. Емоциите кај жените воглавно се гасат од следниве причини:
Недостаток на почит
Основата на секој здрав однос е почитувањето. Врската во која почитта почнала да изостанува постепено паѓа во криза, а се завршува со сигурен прекин на врската.
Недостаток на внимание
Кога ќе забележите дека партнерот повеќе не ве слуша што зборувате, не випосветува внимание, а не постои повеќе и некогашната блискост меѓу вас, знаете дека и двајцата сте се изладиле и дека таквиот однос веќе нема смисла.
Секоја жена сака интима со својот партнер, прегратка, разбирање и поддршка, а ако тоа не го добива, тогаш навистина нема причина зошто да остане во таква врска.
На другите им е поинтересна
Жена што чувствува дека им е поинтересна и попривлечна на сите останати, освен на нејзиниот партнер, ќе сака повторно да ги почувствува пеперутките во стомакот и да го добие изгубеното внимание.
Од друга страна, една жена што го има целото внимание на нејзиниот партнер, нема да биде заинтересирана за додворувањата од другите мажи.
