After Midnight

ЕВE КОЛКУ ТРАЕ СЕКСОТ во долготрајните врски

Времетраењето на сексот секогаш било предмет на расправија – на жените им е премногу кратко бидејќи не доживуваат оргазам, на мажите им е доволно во моментот кога тоа им успева …

Но, за кои броеви тука станува збор?

Dr. Brendan Zietsch од Универзитетот во Квинсленд тврди дека најпрецизни и најискрени податоци за издржливоста во спалната соба се добиени од истражувањето објавено во списанието “The Journal of Sexual Medicine”.

Студијата ги презентираше резултатите од истражувањето за сексуалното однесување на 500 двојки во стабилни долготрајни врски.

Студијата вклучувала парови од Холандија, Велика Британија, Шпанија, Турција и САД, кои го мереле времето на сексуалниот однос од пенетрацијата до достигнувањето на врвот.

Се покажа дека просечното време на сексуалниот однос без предигра во овие земји изнесува 5,4 минути.

Најбрзи биле Турците, чиј просечен однос изнесуваше 3,7 минути, додека мажите од други земји можеа да издржат од шест до седум минути.

Студијата покажала дека помладите мажи се поиздржливи и дека кај мажите до 30 години, просечното траење на односот било 6,5 минути, а кај мажите постари од 51 година, потребни биле околу 4,3 минути.

Па тоа и не е баш нешто …

Write A Comment