Лејди Гага одлучила да го собори рекордот за најуспешна и најпосетена турнеја кој засега го држи групата „U2“.
Познатата американска пејачка подготвува двегодишна светска турнеја во чиј склоп ќе одржи дури 450 концерти.
Според британскиот таблоид „Sun“, Гага и нејзиниот тим се надеваат дека турнејата ќе биде подобра и од тие на Мајкл Џексон и „Ролинг Стоунс“.
– Се ставаме во петта брзина. Таа планира турнејата да почне во Азија и Индија. Како и секогаш, идејата ѝ дошла во сон. Целта е да се одржат 450 настапи. Тоа досега никој го нема направено, но таа смета дека тоа не е причина таа да не го направи истото, – изјавил нејзин близок пријател.
Гага веќе работи на подготовките за тунејата со тимот кој стои позади турнеите на британската група „Take That“ – „Circus“ и „Progress Live“.
Потврдено е и дека таа почнала да работи и на својот нов албум.
