Повеќепати наградуваниот режисер Дарен Аронофски го режираше видео спотот за песната „Лулу“ од новиот албум на Металика и Лу Рид.
Тапанарот на познатата група Ларс Улрих изјавил дека работењето со Рид и Аронофски е како сон, а снимањето на овој спот и албум биле монументално поглавје во неговиот живот.
– Како да снимањето со Лу Рид не беше доволно, па сега снимаме и со Дарен Сронофски кој е еден од моите најомилени режисери, – вели Улрих.
Лу Рид изјавил дека се надева спотот да биде „новиот Црн лебед“. Албумот „Лулу“ е заеднички потфат на групата и на Рид, а е инспириран од германскиот драматург Франк Ведекинд. Рид за албумот изјавил дека е „најдобрата музика што било кога ја направил“.
httpv://www.youtube.com/watch?v=C25L4P79wY8&
