Често се жалиме дека мажите не нé разбираат, дека не ги чувствуваат нашите желби и потреби и како резултат на тоа, не ги исполнуваат. Но дали сме доволно искрени и чесни со посилниот пол? Знаеме ли и ние самите реално што, кога и како сакаме, или е поважно самото „сакање“ како процес?
Дури и некои од најпознатите психолози не успеваат да ги одгатнат женските желби. Еднаш сакаме да сме независни, но во исто време се лутиме кога нема да ни ја отворат врата во ресторанот. Сакаме да имаме деца и да сме добри мајки, но истовремено сакаме и добра кариера. И не на последно место, секогаш сакаме да се представиме како перфектни љубовници но категорично не сакаме да не гледаат како сексуален објект.
Знае ли некој што всушност сакаат жените? Јас самата сум жена и не секогаш сум сигурна во сопствените желби. Долго време верував дека тоа е слатко и неодоливо, но сега започнувам да мислам дека на мојот партнер воопшто не му е забавно да се усогласува со моите променливи желби.
Затоа драги виртуелни пријателки, ако и вие не секогаш сте сигурни што сакате, имајте милост кон мажите, сигурна сум дека на нив им е навистина тешко да излезат на крај со нас и нашите многубројни желби и поплаки! 🙂
