Celebrity

Фустанот го „сруши“ интернетот: Сите зборуваат за венчаницата на Аријан Гранде (фото)

Пејачката Аријана Гранде на 15 мај се омажи со агентот за недвижнини Далтон Гомез, со кого се сврши минатата зима. Во средата, таа објави фотографии од нивната мала и интимна венчавка и ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм.

Споменатата објава собра над 20.000.000 лајкови, а многумина беа изненадени од изборот на венчаница од Аријана.

Нејзините фанови очекуваа таа да се омажи во вистинска тоалета, слична на онаа што ја носеше на минатогодишните Греми награди. Сивиот преголем фустан од тул, потпишан од дизајнерот Џанбатиста Вали, е едно од најпрепознатливите изданија на младата пејачка.

Сепак, Гранде блескаше во свилена венчаница без прерамки, едноставно исечена. Фустанот е потпишан од познатата американска дизајнерка Вера Ванг, која пред три години и вети на Аријана дека ќе ја шие својата венчаница.

Стилистката на Аријана, Мими Катрел, рече дека е инспирирана од комбинацијата што ја носела холивудската дива Одри Хепберн во свадбената сцена од култниот филм „Смешно лице“ од 1957 година.

Write A Comment

iptv satın al   iptv   iptv satın al   orisbet   tophillbet   padişahbet   goldenbahis   bahiscasino   iptv satın al   iptv   iptv