Celebrity

Џенифер Лопез пеела за два милиони долари на свадба во Индија: Појавувањето предизвика хаос на мрежите

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез добила огромни 2 милиони долари за да настапи на свадбата на индиската милијардерка Нетра Мантена и Вамси Гадираџу.

Нетра, ќерка на индискиот фармацевтски гигант Рама Раџу Мантена, се омажила за технолошкиот тајкун Вамси Гадираџу оваа недела во близина на палатата Таџ Лејк во Удајпур.

Џенифер Лопез носела неколку комбинации за време на настапот, вклучувајќи златен костим кој едвај ги покривал нејзините интимни делови. Некои корисници на социјалните мрежи веруваат дека ова е премногу провокативно за свадба, додека други не гледаат ништо спорно.

Пред настапот, таа позирала со младенците и наздравила со шампањ. Индиските медиуми објавија дека оваа свадба чинела дури 6,7 милиони долари, а прославата траела три дена.
Присутни биле многу боливудски ѕвезди, меѓу кои Ранвир Синг, Мадури Диксит, Крити Санон, Шахид Капур, Нора Фатехи, Жаклин Фернандез и Каран Џохар.

Диџеј Тиесто бил меѓу изведувачите. Доналд Трамп помладиот и неговата девојка Бетина Андерсон исто така присуствувале на церемонијата. Тие биле снимени како танцуваат на сцената, двајцата облечени во традиционална индиска облека.

Write A Comment