Celebrity

Смела, транспарентна: Никол Кидман го разбранува Њујорк во фустан што само малкумина се осмелуваат да го облечат

Актерката Никол Кидман го “протресе” Њујорк синоќа кога се појави на премиерата на серијата „Margo’s Got Money Trouble“ во необична креација од познатата модна куќа.

Актерката Никол Кидман навистина знае како да привлече внимание и сите погледи, и дефинитивно знае како да го носи она што малкумина би се осмелиле да го облечат.

Таа се појави вчера на премиерата на серијата во Њујорк и ни подари модно издание кое беше смело, но недвосмислено елегантно.

Оскаровката се појави во впечатлива црна тоалета која имаше проѕирни делови со испреплетени црни детали кои дискретно ја откриваа кожата.

Централниот дел од фустанот беше сребрен и го нагласуваше овој смел ефект на фустанот, кој потсетуваше на лушпи.

Миди фустанот со долги ракави е дизајниран од модната куќа „Скијапарели“, а кројот ја следи линијата на телото.

Таа ја крена косата во лежерна и разбушавена фризура со шишки. Бидејќи фустанот е доволно впечатлив, шминката не беше претерано агресивна.

Write A Comment